Даниел Крстески е сосема ново име на нашата естрада, но по се изгледа решен е за кратко време да си го најде своето место под естрадното небо.
Тој неодамна ја сними неговата нова песна насловена како „Ти имаш сѐ“, за која има и видеоспотспот. Како текстописец на оваа нумера се потпишува Ристо Самарџиев, кој исто така ја работеше и музиката, додека аранжманот е дело на Владимир Дојчиновски – Дојчин.
– Се надевам дека песната и спотот ќе им се допадне на публиката. Песната е работена со многу љубов и навистина се потрудивме да звучи онака како што треба. Исто така, задоволен сум и од тоа како излезе видеоспотот што го снимавме на повеќе локации како што се: Македонски Брод, езерото Козјак, Прилеп и Свети Наум – вели Даниел.
Како режисери на спотот се потпишуваат Богољуб Миловановски и Бранко Петковски.
Инаку, Даниел на овогодинешниот „Охрид фест“ ја освои наградата за најдобар дебитант.
Младиот пејач не застанува тука, тој веќе се подготвува за новата песна која треба да биде пуштена во етер за новогодишните празници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)