Секс-скандал ја тресе фудбалска Франција. Имено, четири лица меѓу кои и поранешниот играч на Ливерпул и францускиот национален тим, Џибрил Сисе, се приведени синоќа по пријава за уцена.
Овој фудбалер заедно со останатите тројца, го уценувале францускиот репрезентативец Метју Валбуена и сакале од него да изнудат сума пари бидејќи поседувале интимни видеоснимки на кои се гледа дека токму Валбуена е актер во нив.
Сепак, според некои тврдења на француските медиуми, против Сисе нема да биде започнато обвинение и дека тој веднаш уште во текот на денот ќе биде пуштен од притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.