Ние, сега и овде, ја пишуваме историјата на Македонија. Да. Кој го гледа тоа, разбрал, кој не ќе му се појасни потоа, кога оваа сегашна историја ќе ја чита некаде, предупредува во својата колумна „Црвено“ Драган Павловиќ Латас.
Македонија, каква што ја познаваме, можеби веќе одгодина нема да ја видите. Станува збор за оваа Македонија: матична држава на Македонците, во која службен јазик е македонскиот. Со своја територија, суверена и демократски избрана власт, своја историја и култура. Со свое историско и етничко име, Македонија.
Виделе или не, запалена е црвената сијалица за тревога. Поминаваме десет години на државна, економска и национална рехабилитација. Со радикално намалена невработеност, зголемени пензии, плати, субвенции… по дваесет години за прв пат почнаа да се градат болници, школи, судови, театри, булевари… И време кога човек почнува да верува во себе, и можноста да биде и подобро. Време без етнички тензии, иако војната од 2001. и не е така далеку.
И одеднаш, некој сето тоа сака да го запре. Зошто? Да запрат сите тие процеси, и на власт да се вратат оние од темната транзиција; кои ја уриваа одбраната на Македонија во 2001.; кои го продадоа знамето и уставното име; зад чиј потпис стојат 200.000 невработени; сопственици на најскапите куќи на Водно откупени по кратка постапка по цена за гарсоњера; комунистички кодоши кои изградиле кариери и богатства од кодошење колеги во полиција, конвертирајќи во невладин сектор кој е сервис на странски политики и пак за пари, и повтроно за пари продавајќи нешто што е наше: име, знаме, демократија, јазик, култура, слобода, нација, перспектива…
Еве ги сега, во нова акција: федерализација на Македонија. А потоа, федерализираната Македонија ќе биде она што Грција ќе го побара. И ќе го добие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


