| четврток, 6 декември 2018 |

Aнтивладини демонстрации во Анкара

анкара

Стотици луѓе денеска протестираа во Анкара поради двојниот самоубиствен напад во саботата, при што загинаа 97 луѓе, а стотици се повредени.

Денешниот протест се претворија во антивладини демонстрации обвинувајќи ги властите дека не презеле мерки за заштита на мировниот марш, како и дека Владата стои зад нападите. Демонстрантите извикуваа  „Државата е убиец кој ќе одговара“.

Сличен протест беше организиаран и во студентскиот град во Анкара.

Претходно,  турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека истрагата за двојниот бомбашки напад во Анкара е фокусирана на Исламска држава. Тој рече дека полицијата е близу до идентификација на еден од двајцата бомбаши-самоубијци, одговорни за нападот и оти се врши ДНК анализа на остатоците од напаѓачите.

Давутоглу оцени дека нападот претставува обид да се влијае на резултатот од парламентарните избори закажани за 1. ноември и оти ќе бидат преземени неопходните мерки доколку се покаже дека безбедносни пропусти го олесниле изведувањето на нападот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top