Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ славеше убедлива победа во финалето на турнирот во Пекинг над својот голем ривал, Рафаел Надал со имресивни 2-0 (6-2, 6-2) во сетови.
Ова беше осма победа во последните девет дуели над Шпанецот, и се доближи на само една победа негатива (22-23) до големиот конкурент.
Тој по натпреварот истакна дека го одиграл можеби најдобриот меч против Надал во кариерата и посакува уште многу вакви дуели.
– Ова е дефинитивно еден од најуспешните турнири во мојата кариера, и навивачите се навистина фантастични и лојални. Одиграв фанстастичен меч, и се надевам дека стапалото на Надал е во најдобар ред и очекувам набрзо да се врати на терените. Искрено, би сакал уште многу заеднички дуели во иднина – изјави Ѓоковиќ.
Со оваа победа, српскиот тенисер стигна до својата шеста титула во Пекинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.