| четврток, 6 декември 2018 |

Натпревар за Гинис, Србите сменија четири капитени во натпреварот со Португалија (видео)

aleksandar kolarov

Во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016 година меѓу Србија и Португалија се случи нешто што влезе во историјата на фудбалот.
Србија смени дури четири капитени на тимот за само осум минути игра во самиот финиш од мечот.
Од почетокот на натпреварот во отсуство на Бранислав Ивановиќ кој е прв капитен, капитенската лента се најде на раката на Александар Коларов. Тој при измената во 77.минута му ја предаде на игачот на Челси Немања Матиќ. Дефанзивниот играч за врска во 81.минута доби црвен картон па му ја предаде лентата на Зоран Тошиќ кој беше заменет од игра во 84.минута, а до крајот на натпреварот капитен беше голманот Владимир Стојковиќ.
Натпреварот во Белград заврши со победа на Португалците од 2-1 со головите на Нани и Мутињо, а единствениот гол за домаќините беше дело на Тошиќ во 65 минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top