По комплетирањето на четвртото коло од Лигата на шампионите во ракомет, Вардар остана единствената екипа со стопроцентен учинок и истотолку победи. Во ова коло во СЦ „Јане Сандански“ падна и Рајн-Некар Левен, најдобрата германска екипа во моментов, и заслужено е на врвот на табелата во групата Б.
ЕХФ направи анализа на овој натпревар и сосема заслужено тактиката на тренерот Раул Гонзалес која беше спроведена во целост во второто полувреме го стави на врвот шпанскиот тренер во изборот за најдобри тренери.
Преку видео анализата, јасно е посочено дека тактиката во одбрана на Гонзалес во последните десет минути на дуелот против Некар-Ловен, всушност, ја донесе победата на „црвено-црните“.
Како Вардар им пресуди на Германците може да погледнете ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)