Хрватската поп-ѕвезда Јелена Розга (38) и виолончелистот на познатото дуо „Ту Челос“, Стјепан Хаусер (29), не се повеќе заедно пишуваат медиумите од таа земја.
Двојката раскинала по неколкумесечна романса. Јелена и Стјепан веќе извесно време се одвоени и не се споменуваат премногу на социјалните мрежи.
Розга која во моментот е на турнеја во Канада, на својот профил на Фејсбук се пофали со фотографија снимена на Нијагарините водопади истиот ден кога Стјепан на Фејсбук објави фотографија со своите баба и дедо, со кои поминал неколки дена на Истра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.