| четврток, 6 декември 2018 |

Заслужено, Јанко Божовиќ повторно се најде во идеалниот тим на колото во ЛШ (видео)

metalurg-6

 

Бомбардерот на Металург австрискиот ракометар Јанко Божовиќ сосема заслужено се најде во најдобриот тим на четвртото коло во рамките од Лигата на шампионите во изборот на ЕХФ.
Десниот бек постигна 11 голови (од 19 на Металург) и биеше тесна битка за оваа позиција со нашиот Кире Лазаров кој пак постигна 12 гола од истотолку обиди за Барселона во победата над Монпелје.
Во тимот во кој се уште и Андрес Егерт како најдобро лево крило, Микел Хансен од ПСЖ најдобар лев бек, Габор Чазар од Кадетен Шафхаузен на позицијата плејмејкер, Дарко Ѓукиќ од Бешикташ како десно крило, Алберт Кристеску од Баја Маре на пивотската позиција и Никлас Ландин од Кил најдобар голман.
Ова е втор пат како Божовиќ се наоѓа во идеалниот тим оваа сезона. Претходно, тој беше меѓу најдобрите во 2.коло кога Металург славеше над Кадетен Шафхаузен.

Изборот на најдобрите 7 од 4. коло во ЛШ може да го погледнете ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top