| четврток, 6 декември 2018 |

Вториот круг избори заврши за затворениците, болните, изнемоштените и раселените

Izbori-14Заврши вториот круг од локалните избори во Македонија за затворениците, болните, изнемоштените и раселените. Гласачките ливчиња од денешното гласање утре ќе се пребројуваат, откако ќе заврши изборниот процес. Право на глас имаа околу 1.000 затвореници и 73 раселени лица. Изборниот процес почна во седум часот и помина без проблеми. Во најголемиот затвор Идризово за 29те општини и Град Скопје право на глас имаа 604 осуденици. Право на глас за Град Скопје имаа 264 затвореници, а за останатите 29 општини 340 гласачи.

Освен во Идризово се гласаше и во другите казнено-поправни домови, а право на глас имаа вкупно 988 затвореници. Гласаа и раселените кои се сместени во колективни центри или 73 со право на глас, како и луѓето кои поради здравствени причини гласаат во своите домови.

Зголемен беше бројот на болни и изнемоштени лица во Источна Македонија, односно во Кочани, Делчево, Берово и Чешиново и Облешево. Зголемен е бројот на болни и немоќни гласачи и во Битола. Се пријавиле 206 лица, што е за 44 повеќе во однос на првиот круг. Во Могила се пријавило 91 лице, во споредба со 55 гласачи од првиот круг, а во Ресен вкупниот број на болни и изнемоштени изнесува 300 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top