Поплавени куќи ,дворови ,подруми и улици е сликата од силното нереме со обилни врнежи од дожд и грмежи кое го зафати Охрид.Во текот на ноќта до Регионалниот центар за управување со кризи биле пријавени над 50 случаи на полавени објекти и тоа најголем број од населбите Воска,Даљан и Лексајца како и од околните села , а забележани се и одрони на патниот правец Охрид – Св. Наум кај Пештани, како и на други места.
Граѓаните се жалат дека при секои интензивни врнежи куќуте им се полавени со вода.
Екипи на јавните претрпијатија се на терен и ги санираат последиците од големото невреме.
Инаку според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи во Охрид изминатото деноноќие наврнале 90 литри на метар квадратен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.