| четврток, 6 декември 2018 |

Алфите пукале за да смират Штипјанец кој дивеел во зграда во Скопје

З.М. (32) од Штип вчера од засега непознати причини почнал да крши стакла од зграда во центарот во Скопје, во близина на студентскиот дом, пишува „МКД.мк“

Откако инцидентот бил пријавен во полиција, пристигнала патрола на „алфите“ која тргнала во потера по него. Тој повреден почнал да трча кон трговскиот центар „Рамстор“ и влегол во една од кулите. И тука штипјанецот со голи раце почнал да крши стакла од кат на кат.

„Алфите“ се обиделе да го совладаат, но тој им се заканувал држејќи две големи парчиња скршени стакла во неговите исечени раце. Двајца полицајци испукале по еден предупредувачки куршум, по што почнала бркотницата по скалите. На последниот кат штипјанецот бил совладан и веднаш бил однесен во болница за да му биде спречено обилното крварење.

Полицијата информира дека против штипјанецот ќе бидат поднесени неколку кривични пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top