Репрезентациите на Романија и на Албанија со победи од 3-0 на гостински терен обебзедија настап на Еп во Франција во фудбал следната година.
Голема радост и прв и историски пласман бележат Албанците, селекција која со 3-0 ја победи Ерменија на гости и го освои второто место во И групата зад Португалија.
Ховханисјан со автогол, потоа и Џимшити и Садику кои беа по еднаш прецизни донесоа голема радост за Албанија. Прва е Португалија во И групата, а врвот „европските Бразилци“ го потврдија со триумф од 2-1 против Србија. Од оваа група како третопласирана бараж ќе игра Данска.
Романија очекувано лесно победи против Фарски Острови со 3-0 и го потврди настапот на ЕП. Будеску со два гола и Максим беа креатори на пласманот на Романците во Франција. Од Ф групата Унгарија ќе игра бараж, по поразот од Грција со 3-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.