Владата одобри милијарда и 400 милиони денари за потребите на Фондот за здравствено осигурување.
Се чека на собранието да даде зелено светло за зголемениот буџет, како и за бесплатното ин витро за трето и четврто дете.
Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски гостуваше во вестите на Канал 5.
-Овие средства ќе бидат употребени за зголемување на буџетите на Јавните здравствени установи, за нови услуги и методи во истите, повеќе средства за лекови, повеќе пари за ортопедски помагала и сето она што значи повеќе средства за нашите осигуреници. Прогресијата на Буџетот на ФЗОМ од 2002-ра година до сега е дуплиран. Следната година ќе биде на историски највисоко ниво од над 25 милијарди, рече Стефаноски.
Целиот разговор со директорот на ФЗОМ погледнете го во продолжение
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)