| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската дијаспора бара од Иванов да стави вето на изборниот закон

Опозициската СДСМ во текот на преговорите со своите позиции за изборниот законик за изборите во април 2016, одлучи да им се ускрати правото на глас на Македонците од дијаспората.

dijaspora44

За таа цел македонските здруженија кои ги обединуваат нашинците надвор од границите, упатуваат барање до Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, да не им го ускрати правото на глас и избор на свој претставник во законодавниот дом.

Реакции пристигнуваат од Македонците во Швајцарија, Австрија, Германија, Италија, Словенија.

­ Македонската заедница од Локарно, Швајцарија реагира на актуелните случувања околу гласањето на дијаспората и укажуваат дека нивни интерес и интерес на Македонија е правото на гласање.

– Бараме од власта и опозицијата да се договорат кој е најдобриот модалитет на гласање за дијаспората, да се отфрлат интересите на една или на друга партија за сметка на заедничкиот наш интерес. Наше барање и сугестија за двете страни е да го прифатат електронското гласање или гласање на повеќе гласачки места, при што најобјективно ќе се прикаже волјата на гласачите, стои во соопштението.

Ви пренесуваме интегрален текст од барањето на македонското здружение од Марибор чиј претставник е Бобан Пијанманов.

Почитуван Претседател на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов,Во свое име, како и во име на македонската заедница во Словенија изразувам незадоволство и протест до барањата за укинување на фундаменталното право – правото на глас да биде укинато. Секојдневно учествуваме во градењето на современа и самостојна Македонија и нема да дозволиме политичари од типот на Заев да ги деградираат придобивките, правата и обврските на дијаспората.

Делуваме на сите подрачја промовирајки ја нашата Македонија, работиме на подобрувањето на македонскиот имиџ во светот, остваруваме нераскинливи пријателства. Ги култивираме кај нашите сонародници македонската самосвест и македонското национално самочувство, да го развива чувството на заемна љубов и самопомош меѓу своите сонародници, да ги чува македонските обичаи, песни и умотворби, да ги величи и да ги цени високиот идеализам и подвизите на своите татковци и дедовци и со се што прави, да создава пријатели на Македонија.

Македонската дијаспора од Словенија бара да не го потпишувате указот за прогласување на измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои се бришат нашите веќе стекнати демократски права.

Бобан Пијанманов,Марибор, Словенија”

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top