Две палестински деца, од 11 и 13 години денеска се убиени кога израелските војници отворија оган за време на демонстрациите долж границата со Појасот Газа.
Израелската армија соопшти дека ги проверува информациите за убиството на двете деца во близина на Кан Јунис.
Десетици Палестинци демонстрираа на границата и палеа гуми и фрлаа камења врз израелските војници. Деветмина Палестинци се убиени во Појасот Газа од вчера попладне, кога немирите од Источен Ерусалим, од Западниот Брег и ширум Израел се проширија и на тоа подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.