| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е следен на списокот на Путин?

Создавањето на „Коалиција на праведници (Русија, Иран, Ирак, Сирија) е составен дел од Новиот Блиски исток, по рускиот модел, процес кој може да има важни геополитички последици на трошните геополитички столбови на Саудиска Арабија и Турција. Одредената идеолошка стратегија на новиот сојуз и нејзиното влијание на Курдите и Либан, во светлото на Новата студена војна го прави овој сојуз американски воен непријател број 1, поради тоа што е единствена сила која е во состојба да му возврати и да го блокира влијанието на САД и нејзините вазали на клучните географски точки на Блискиот исток.

putin

Успесите на сојузот предизвикуваат врска кај Саудијците, затоа што гледаат како нивните сојузници исчезнуваат на корист на ривалскиот Иран. Овогодишните Руско-саудиски дипломатски преговори зад затворени врати веројатно би требало да обезбедат Ријада на чесно повлекување од Сирија. Предлогот звучи добро, но Садујците се обиделе да ја одиграат двојната игра терајќи ги своите соседи сојузници во „арапскиот НАТО“ да сноси поголем дел од теретот на брутално копнената војна во Јемен, додека мислеле дека ќе издејствуваат некаква дополнителна корист оклевана да ги отповикаат своите марионети од Сирија. Тоа се покажа како голема греша во пресметката, затоа што тие сили сега само во тек на една недела се десеткувани, што режимот во Ријада буквално го доведе до паника.

rusija-saudijska-arabija-ap-jan-2015-1436298386-696271

Од надмоќни сили до второстепени држави

Целиот Блиски исток бил свесен за руско-саудиските разговори, а сега кога Русија склопи сојуз и директно тргна во борба против тероризмот во регионот, саудиските марионети како што е „Војската на освојување“ (Џаис Ал Фатах) сега мора да се запрашаат зошто невниот покровител ги напушти и ги остави како глинени гулаби.

Не е основано да се мисли дека Русија на кој било начин ќе ги извести Саудијците за текот на својата воена кампања, но за исламисите кои гинат на теренот тоа може да изгледа како можност, поради што тие можат да бидат преполни со бес. Преку 3000 терористи веќе побегнаа од Сирија во Јордан, додека нивното враќање во Саудиска Арабија би значело голема опасност по нивната безбедност, особено затоа што во земјата веќе се случил инцидент кои го предизвикаа домашните џихадисти здружени со ИСИЛ.

Саудијците премногу се заглавени во Јемен за да можат да на одговарачки начин се усмерат кон внатрешната закана, особено ако нивните сојузници како Катар и Обединетите Арапски Емирати ги повлечат силите од Јемен. Тоа веројатно саудиските параноидни фантазии, за „шиитското заобиколување“ го прави уште посилно, што значи дека не може да се гарантира дека таа земја рационално ќе реагира на заканите кои опаѓаат. Во врска со тоа, можно е да дојде до тешка внатрешна пресметка, дали против осомничените терористи или шиитите, што дополнително ќе допринесе за дестабилизација на земјата.

rusija-saudijska-arabija-ap-2015-1436298045-696269

Евидентно е дека регионалното влијание на Саудиска Арабија опаѓа, и во блиска иднина, кога ИСИЛ и останатите терористи ќе бидат поразени, Саудијците (ако уште бидат единствена земја) ќе бидат приморани да го прифатат второграѓански статис на Блискиот исток. Што повеќе мора да бараат помош од Москва за посредништво за помош на одржување на „студениот мир“ со Иран, толку повеќе ќе слабее нејзината економија поради падот на цената на нафтата што негативно ќе се одрази на нив. Геополитичките прогнози за Саудиска Арабија изгледаат прилично безнадежно и сигурно е дека се насочуваат кон најтешките времиња во својата историја и предизвиците за сам свој опстанок.

Неизвесност во Турција

Турција на внатрешен план минува низ такви тешкотии (граѓански конфликти, левичарски тероризам, исламистички бомбашки напади (кои можеби се режирани) да постои реална можност да би можела да стане следна Сирија, ако владата и/или војската (преку државниот удар) наскоро не ја повратат целосната контрола. Ситуацијата би била несигурна и пред антитерористичката акција на Русија, но сега Турција се соочува со многу реална закана од сопствените исламистички марионети, исто како Саудијците.

Приливот на искусни терористи е буквално последната работа која на Турција и е потребна, а во зависност од нивото на политичка неизвесност по ноемвриските вонредни избори, би можело многу лесно да се случи да војската повторно одлучи да ги земе работите во свои раце и да воспостави ред во земјата. Ако тоа се случи, тоа може да биде одлучувачки чекор кој ќе ја насочи земјата кон евроазиски правец, што во целост би ја демонтирала регионалната безбедност на архитектурата на САД и би го здрмал остатокот од НАТО.

ердоган

Воениот ангажман на Русија и Сирија има тешки негативни последици по Турција затоа што Москва овозможува целосна контрола на Црноморскиот регион и ја проектира нејзината поморска сила на северната граница на Турција, како што воздушната сила тоа го прави на југ. Во тој контекст енергетскиот проект Турски/Балкански тек беше маслиново гранично пријателство. Во контекст на тоа, разговорите за проектот прекинаа, а Ердоган блесаво се обиде да го следи саудискиот обид на голема геополитичка игра. И баш како кралот Салман, и „Султан Ердоган“ така не успеа во својот гамбит.

Ердогановата имигрантска војна против Русија

Геополитичката ситуација е мног у поинаква денес за разлика од тоа што била пред неколку месеци. Не постои нормално сценарио во кое Русија некогаш би се одлучила да го лансира првиот удар против својот НАТО сосед, но сепак, сегашната дистрибуција на сили укажува на тоа дека Русија ја стекна сигурноста на стратешка предност.

Турските претерани реакции на ненамерна повреда на својот воздушен простор оваа недела во голема мера предизвика параноја на политичкиот естаблишмент на Анкара, што се разбира го искористија САД и НАТО за свои стратешки цели. Сепак, како турската војска беше растрзана меѓу Курдистан, сириската граница, и терористите, последната работа која на неа и треба е Ердогановата замислена војна со Русија. Што повеќе раководството се обидува да ја нагласи руската „агресија“ поголема е веројатноста да војската се побуни и да ги превземе чекорите на државен удар, затоа што на неа, повеќе од кој било друг актер, во Турција, јасното лицемерство и апсолутната забеганост во затегањата со Русија, особено во светлите опсани егзистенцијални околности во кои Ердоган целосно и непотребно ја вовлече Турција.

Русија дојде во ситуација да може да нанесе значајна штета на земјата, што се разбира не е во ничиј интерес, дури ни во интерес на Ердоган. Па така во случајот било каква хипотетичи антагонизам Турција против Русија во Сирија, руско курдско-иранска осовина би можела да пружи ненаков облик на опиплива поддршка на курдските сепаратисти во Турција, што би можело да го промени сегашниот однос на сили и да доведе до отстранување на турските војски од целиот југоисточен дел на Турција.

turska-isis-nato-tajip-erdogan-militanti-kurdi-jens-stoltenberg-foto-ap-1438125943-709935

Реторички говорејќи, ако Турција може да се меша во внатрешните работи на Русија, на Крим (потенцијално дури и со воени средства) не постои ништо што би ја спречило Русија да го направи тоа во Курдистан. Запаметите, ова е реторичко/хипотетичка ситуација – нема докази дека Русија има било каква намера да тоа го направи – но воените стратези, во овој случај оние од Турска, по природа на нивната работа мораат да го земат ова во предвид, поточно овие две сценарија, па е веројатно да ова стигнало до умовите на најмалку неколкумина луѓе во Анкара.

Геополитички благослов

На војската и е јасно дека е многу подобро за Турција да ги избегне провокациите со Русија, затоа што тоа многу брзо ќе доведе до уништување на турската државност. Тоа е причина зошто турската војска реално може да размислува за идејата за државен удар доколку премиерот Ердоган продолжи со своите провокации против Русија. Всушност пост-ердоганската Турција би можела да биде многу корисна за развојот на руско-турските односи, затоа што земјата конечно ќе има доволно способно водство кое ги разбира суштинските билатерални партнерства и која може да ги интензивира во максимална обострана корист, особено низ напредокот на Турскиот/Балкански тек и де факто излегување од НАТО.

Турција е многу блиску до воен пуч, а анти руската програма на Ердоган може да биде точка која ќе го скрши трпението на војската. Промената на режимот би била во целост без никакво надворешно влијание ( а камоли Русија) но би можела да стане геополитички благослов, како би новата воена управа одлучи да земјата ја сври кон мултиполарната заедница Евроазија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top