| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајлоски: Тендер за вториот дел од жичницата на Водно

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајлоски најавува дека до крајот на оваа или на почетокот на следната година ќе биде објавен тендер за вториот дел од жичницата на Водно.

vlado-misajlovski-1

– Сега сме во разговори со компаниите за да видиме колку е нивниот интерес присутен и дали би се нафатила некоја од тие компании за да можеме да распишеме тендер. Министерството го завршува инфраструктурниот проект што е потребен за добивање одобрение за градење, рече Мисајловски на денешната трибина „Инфраструктурна експанзија во Македонија“, што се одржа во организација на Институтот Павел Шатев.

Според Мисајлоски,  се работи интензивно и можно е проектот да биде почнат и пред ветеното.

Мисајлоски на трибината ги презентираше тековните и идните активности за изградба на автопати, регионални и локални патишта. Во наредните два месеца најави дека ќе почне изградба  на нови  шест регионални патни правци со вкупна должина од 73 километри, инвестиција од 10 милиони евра.

–  За тие патишта веќе имаме потпишано договор, за некои очекуваме само да добиеме времен сообраќаен режим и да ги почнеме, обезбедни се финансиски средства. Имаме и многу патишта што ги работиме, односно го работиме проектирањето, завршниот дел за постапката за тендерирање. Сакам да најавам дека веќе е започнат тендерот за изградба на Прилеп- Градско. Очекувам дека до крајот на годината сигурно да имаме договор, а да го започнеме во првата половина на 2016 година или порано, рече Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top