| четврток, 6 декември 2018 |

Длабока нервоза и нелагодност во СДСМ

Повеќе видни членови на СДСМ му укажувале на Зоран Заев и преговарачкиот тим на партијата дека десеткратно ја зголемуваат штетата на партијата со тоа што бараат дијаспората да се отпише и да нема свои претставници и дека СДСМ оди по работ повторувајки ја ситуацијата од 2004 година и територијалната поделба, сега кога прави пазари со ДУИ да се воведе Бадинтер во Држвната изборна комисија (ДИК).

Заев на ваквите забелешки укажувал дека и самите се свесни за слабата поддршка од граѓаните и дека тие на секој можен начин ќе се трудат да дојдат до решенија кои ќе значат обезбедување на какво таква подобра позиција на СДСМ.

Ставот на членовите на СДСМ кои имале забелешки поради таквото однесување бил дека дури и да се донесат решенија на кои се инсистира од СДСМ негативно ќе се влијаее во јавноста и ќе се загубат повеќе гласови отколку што би се обезбедило некаква предност. Исто така тие посочиле и дека има огромна неконзистентност во ставот за активна регистрација на гласачите што беше едно од главните барања на СДСМ.

Тие им укажувале на раководството дека со откажувањето на тоа барање СДСМ излегува на чистина ќе биде мета на осуда од јавноста поради правење на проѕирен маркетинг од постоење на фиктивни гласачи, а во суштина СДСМ бара решенија со кои што кажува не само дека не постојат, туку ќе се испрати порака дека манипулира со јавноста и ја потценува. Што се однесува до дијаспората, забелешките се однесувале на тоа дека со отказувањето од нејзе и барањето таа да остане без свој пратеник практично СДСМ ги погребува било какви шанси за продор таму и ќе биде отпишана од македонските иселеници засекогаш.

Според информациите од разговорите СДСМ свесна за ова предлагала формални решенија со кон би се кажало дека дијаспората гласа, но во суштина таа ќе остане без свои пратеници што би било дупла измама од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top