Во Гостивар, во станот на С.К. (66) вчера околу пладне се случила кражба кога разбојник го скршил прозорецот од вратата и почнал да пребарува по станот. Тој украл 170 евра, 5.000 денари, 30 швајцарски франци, една метална кутија со златен накит, еден златен женски часовник и еден машки часовник и избегал.
Причинета е материјална штета од околу 700.000 денари. Полицијата преземаа мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.