| четврток, 6 декември 2018 |

Од стан во Гостивар украдени 700 илјади денари

Во Гостивар, во станот на С.К. (66) вчера околу пладне се случила кражба кога разбојник го скршил прозорецот од вратата и почнал да пребарува по станот. Тој украл 170 евра, 5.000 денари, 30 швајцарски франци, една метална кутија со златен накит,  еден златен женски часовник и еден машки часовник и избегал.

Причинета е материјална штета од околу 700.000 денари. Полицијата преземаа мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top