| четврток, 6 декември 2018 |

„Исламска држава“ зеде над 200 лица за заложници

Терористичката група „Исламска држава” зеде за заложници над 200 жители во ирачката провинција Киркук, поради нивната соработка со ирачките владини сили, соопшти иранската агенција Фарс, пренесува ТАСС.

Џихадисти ги обвиниле киднапираните дека на курдските сили за самоодбрана „пешмерга”, на полицијата „Ал Хашд ал Шааби” и на ирачките сили за безбедност ја откривале локацијата на старешините на ИД.

На почетокот на неделата, ирачката армија и доброволните милиции презедоа нова офанзива против позициите на џихадисти во Киркук и по тешки борби ја вратија контролата на повеќе од 50 села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top