Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер денеска изјави дека годинава имало дури 490 напади врз сместувалишта за бегалци.
– Сведоци сме на масовно зголемување на бројот на напади врз бегалски кампови на база на национална нетрпеливост – изјави Мезиер пред медиумите.
Според министерот две третини од напаѓачите немаат предходно забележани криминални активности што за него е многу вознемирувачки. Мезиер бара да се зголеми јавната свест за неприфатливост од насилните напади против бегалците.
Германија годинава прими над 200.000 бегалци, а според официјалната прогноза на германските власти нивниот број годинава би можел да се зголеми на 800 илјади. Според медиумите ако продолжи темпото на прилив на бегалци како досега вкупниот број на имигранти во земјата може да дојде и до 1,5 милиони луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.