Откажувањето на СДСМ од дијаспората и воведувањето на Бадинтер во ДИК е исто како и со пазарењето со територијалната поделба која истата партија ја направи во 2004 година. Тогаш беше нанесена трајна штета на државата и нејзините интереси. На тој референдумот мнозинството се искажа против новата територијална поделба, но референдумот не беше успешен поради тоа што не беше постигнат законски потребниот процент од 51% излезеност на вкупното население. Голем дел од Македонците, а и помал дел од албанското население сметаше дека со новата територијална организација се врши нарушување на етничката рамнотежа во Република Македонија. Општина Струга имаше 47,94% Македонци и тие беа најбројни во општината, и со припојување на општините Велешта, Делогожди, Лабуништа и Луково бројот на Македонците опадна на 32,09%, а на Албанците се зголеми од 41,54% на 56,86%. Сега СДСМ повторно сака да направи трајна штета на државата и нејзините интереси.
Воведувањето на бадинтеровиот принцип кој СДСМ сега го подржува би значел дека при приговор во општина каде има над 20 проценти Албанци ќе се одлучува не според аргументи, факти и докази, туку според етнополитичка логика што е трајно нарушување на принципите на правичност. Тоа во ситуација на изборна неправилност би значела дека не е важно што има повреда на процедурите и правилата, туку како ќе одлучат Албанците, кои доколку се договорат би можело исклучиво да носат одлуки кои се во нивна полза.
Познато е дека кога се работи за албанските интереси тие се многу поединствени – и ДУИ и ДПА меѓусебно соработуваат.
Истовремено, предлогот е да влезат и тројца експерти во ДИК од кои еден Албанец со што би се засилио нивното влијание. Во пракса, тоа би значело дека може да се случи, иако се работи за доминантно македонска општина како на пример, Бутел или Петровец, доколку има приговор во македонско избирачко место Радишани, или село Петровец, ќе се одлучува во ДИК според бадинтеров принцип и ќе се носат одлуки според етничките интереси, а не правната сила. Воведувањето на Бадинтер во носењето на овие одлуки значи дека во иднина на таков начин ќе се одлучува и за секоја неправилност во избирачко место во Струга, Кичево, Куманово, Пласница, Тетово, Гостивар, Дебар, Чаир, Бутел, Петровец, Студеничани…
Дека СДСМ е спремен на отстапки визави албанскиот фактор е гласното размислување кажано од сдсмовкиот кадар Љубомир Фрчковки. Тој, повторно, токму во моменти на преговори, предлага премиер Албанец на Република Македонија.
– Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи Албанец би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.
Според познавачите, актуелизирањето на оваа тема од страна на Фрчкоски не е случајна, туку е во насока на создавање на тензии и отворање на теми од корпусот етнички прашања кои имаат за цел да ги блокираат преговорите и со тоа да се спречи одржувањето на предвремените избори во април.
„Бадинтер“ во ДИК ќе одлучува според етничките интереси
Со тоа што СДСМ предложува ваков предлог се прави лош преседант и во иднина се дава дозвола да се дискутира и за одлучување со Бадинтер во Уставниот суд, одлуки на Влада, носење на буџет, обвинителство и со што своевидно би значело и надминување на постојните рамки и нов Рамковен договор. Oткажувањето на СДСМ од дијаспората значи пуштање низ вода на иселениците.
Единствената нивна грешка е што не и се наклонети на опозицијата и не ја поддржуваат сдсм. Доколку беше обратна ситуацијата повеќе од сигурно е дека СДСМ немаше ниту да го прашањето дали воопшто дијаспората треба да гласа. Истовремено, доколку сеприфати барањето на СДСМ тоа ќе биде редок случај каде поради теснопартиските интереси на СДСМ ќе се изгуби веќе еднаш дадено право.
Дека СДСМ не води принципиелна политика и прави обичен маркетинг покажува нивното откажување од активната регистрација на гласачи. Аналитичарите велат дека со ваквото барање на опозицијата паѓаат во вода обвинувањата дека има 150 илјади фантомски гласачи, дека списоците биле преполни со измислени гласови.
-Во основа само за да не гласа дијаспората тие се испазарија со ДУИ и веднаш се откажаа од активната регистрација. Колку да не трпат политичка штета и да се оправдаат пред јавноста тие предлагаат теренска проверка на избирачкиот список по случаен избор, што никако не е суптитут на решението за активна регистрација, што значи дека СДСМ уште еднаш не ги покажува своите искрени намери – коментираат познавачите на состојбата.
Според нив СДСМ се откажува и врти грб на дијаспората. Претходно бараше, а сега се откажува од активна регистрација на гласачи, и дополнително ја поддржува ДУИ за Бадинтер во ДИК. Ваквиот потег, коментираат аналитичарите, се со единствена цел, да го намалат извесниот изборен пораз со што уште еднаш се показува стравот на СДСМ од избори.
-Стравот од избори е страв од пораз на истите. Една од ударните тупаници на СДСМ, Бранко Геровски, во колумна пишува дека рејтингот на Груевски се зголемил за цели 3 осто. Тоа значи дека и самиот опозициски блок, и самата СДСМ е свесна за големата поддршка на народот спрема Груевски И ВМРО-ДПМНЕ чиј рејтинг е повисок од пред периодот на бомбите, наспроти слабиот рејтинг на СДСМ и лидерот Зоран Заев што е причина плус СДСМ да се плаши од избори – коментираат аналитичарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)