| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанката Александра продолжува понатаму во „Икс-фактор“ (ВИДЕО)

aleksandra

Со уште еден одличен настап, 20-годишната Александра Кукушев од Штип го доби одлучувачкиот глас на ментотрот и продолжува понатаму во бугарскиот „Икс-фактор“. Таа ја изведе „Rather be blind“ на Ета Џејмс и стоечки овации од публиката.

Следните елиминации треба да ги помине во куќата на нејзиниот ментор од групата на девојките.

Младата штипјанка смета дека бугарската верзија на шоуто е подобра од српската. Според неа на бугарската музичка сцена има многу добри ар-ен-би песни, а тоа е стилот во кој таа сака да продолжи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top