– Младинската мрежа Y-PEER Mакедонија поддржана од регионалната канцеларија на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) со работилница за целите за одржлив развој и прес конференција вчера го одбележа крајот на кампањата „Идеите ги споделувам гласно“ .
Целта на завршните настани беше да се претстават активностите кои беа дел од кампањата „Идеите ги споделувам гласно“ која се спроведуваше во рамки на регионалната кампања „Младински глас-Иднината која ја посакувам во Источна Европа и Централна Азија“. Во рамки на националната кампања беа спроведени различни активности меѓу кои: едукативни претстави со театар на сенки, средби со младински активисти, претставници од институции и подмладоци на политичките партии,одбелжување на Светскиот ден на млади, избор на најдобро дизајнирана младинска разгледница и ред други настани осмислени и реализирани од младите, поврзани со младинското учество и развојната агенда на Обединетите Нации. Краен продукт на кампањата е документот „Младински препораки за пост-2015“ кој доби поддршка од 47 младински организации и ентитети кои работата за/со млади. Младинските препораки беа предадени на претставник од Министерството за надворешни работи на Р.Македонија и понатаму врачени на македонската делегација пред нејзиното заминување на Генералното Собрание на ООН.
-Преку хаштагот #ијасимамцел ги повикуваме сите млади да се вклучат во националната дискусија и на социјалните мрежи, и да се придружат во застапувањето на младинските итнтереси, права и потреби. Следниот предизвик за процесот по 2015-та година е да се оди подалеку од создавањето на простор за учество за младите- да се осигура дека заложбите на младите ќе се рефлектираат во крајните резултати. Разговорот со и помеѓу младите за пост-2015 не може, и нема да запре тука. Ова мора да биде само крај на почетокот, вели Ирина Јаневска од Y-PEER Македонија
Следните чекори на мрежата се поврзани со понатамошното застапување на младите и нивното учество во, пред се, националните процеси. Од Y-PEER велат и дека ќе го следат дефинирањето на индикаторите преку кои ќе се оценува и набљудува имплементацијата на целите.
-Секоја земја мора да ги приспособи глобалните таргети на својот национален контекст, да постави свои цели кои се дефинирани од локалните приоритети и околности. Ова е потребно да се направи за да се осигура делување позади ветувањата, да се осигура дека таргетите кон кои се обврзуваме се релеватни на локално ниво и дека истите се надоврзуваат на реалните потреби. Во таа насока, ние сме тука да ги застапуваме изработените младински препораки од кои произлегоа три приоритетни области за младите од Македонија: квалитетно образование, подобри можности за вработување и квалитетно образование, велат организаторите..“
Регионалната кампања фокусирана на младинското учество во пост-2015 агендата „Младински глас-Идинината која ја посакувам во Источна Европа и Централна Азија“ се лансираше на почетокот на октомври, 2014 година. Целта на кампањата е да осигура дека прашањата кои се поврзани со младите се препознаени во понатамошната развојна агенда, што пак е возможно само со значајно младинско учество. Кампањата е координирана од Регионалната Лидерска Младинска Група составена од неколку младински регионални мрежи/институции во соработка со Младинскиот Кластер во УНФПА EECARO и регионалните канцеларии на УНФПА. Во Македонија оваа кампања ја имплементрира мрежата Y-PEER Македонија со финансиска поддршка од регионалната канцеларија на Фондот за население на Обединетите Нации-УНФПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
„МакеДокс“ организира Меѓународна конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ во МКЦ


