| четврток, 6 декември 2018 |

Лекции по човечност и по скромност

Фран­циск им по­ра­ча на Аме­ри­кан­ци­те де­ка ка­ко лу­ѓе од аме­ри­кан­ски­от кон­ти­нент не тре­ба да се пла­шат од стран­ци­те за­тоа што нај­го­лем дел од нив не­ко­гаш би­ле бе­гал­ци. Со тоа тој, ме­ѓу ре­до­ви, по­тсе­ти де­ка нај­го­лем дел од аме­ри­кан­ски­те гра­ѓа­ни по­тек­ну­ва­ат од се­мејс­тва што не­ко­гаш би­ле еми­гран­ти, кои во Аме­ри­ка наш­ле при­бе­жи­ште од си­ро­ма­шти­ја, вој­ни и од дру­ги нез­го­ди

Обра­ќа­ње­то на пр­ви­от пон­тиф на ка­то­лич­ка­та цр­ква, кој имал мож­ност да го­во­ри на за­ед­нич­ка сед­ни­ца на аме­ри­кан­ски­от кон­грес на ко­ја при­сус­тву­ваа и го­лем број дру­ги аме­ри­кан­ски до­сто­инс­тве­ни­ци, тра­е­ше 45 ми­ну­ти и во не­го па­па­та ус­пеа да ги нач­не си­те те­ми со кои се со­о­чу­ва­ат Аме­ри­ка и го­лем дел од дру­ги­от мо­де­рен свет. Па­па­та Фран­циск упа­ти ни­за по­ра­ки со кои од ед­на стра­на отво­ре­но ја по­фа­ли Аме­ри­ка за неј­зи­ни­те до­стиг­ну­ва­ња ка­ко сло­бод­на зем­ја, но, во исто вре­ме, ѝ по­ра­ча де­ка тре­ба да би­де по­то­ле­рант­на и по­у­рам­но­те­же­на до­де­ка ги ре­ша­ва свет­ски­те проб­ле­ми.

Фран­циск по­ба­ра од Аме­ри­кан­ци­те да се по­чи­ту­ва­ат ими­гран­ти­те од Ла­тин­ска Аме­ри­ка и од це­ли­от свет за­тоа што чо­веш­тво­то се со­о­чу­ва со бе­гал­ска кри­за со ин­тен­зи­тет што не е ви­ден од Вто­ра­та свет­ска вој­на.

- Не тре­ба да се исп­ла­ши­ме од нив­ни­от број ту­ку да ги гле­да­ме ка­ко лич­но­сти, да ги ви­ди­ме нив­ни­те ли­ца, да ги слуш­не­ме нив­ни­те при­каз­ни и да се оби­де­ме да им по­мог­не­ме на нај­до­бар на­чин – ре­че Фран­циск во сво­јот го­вор во кој да­де и пре­циз­ни со­ве­ти ка­ков тре­ба да би­де пре­че­кот на бе­гал­ци­те.

- Тие тре­ба се­ко­гаш да се тре­ти­ра­ат на ху­ман на­чин, пра­вич­но и брат­ски – ре­че ли­де­рот на 1,2 ми­ли­јар­да ка­то­ли­ци низ це­ли­от свет, кој по­ба­ра од Аме­ри­кан­ци­те да се бо­рат про­тив чо­веч­ка­та сла­бост, ко­ја ги на­ве­ду­ва лу­ѓе­то да  из­бег­ну­ва­ат  се­ка­ков то­вар што мо­же да пре­диз­ви­ка проб­ле­ми во удоб­ни­от жи­вот.

Па­па­та пред Кон­гре­сот на САД во го­во­рот што ве­ќе се тол­ку­ва ка­ко исто­ри­ски збо­ру­ва­ше на анг­ли­ски ја­зик, го­во­реј­ќи по­ле­ка и со си­лен ар­ген­тин­ски ак­цент.

И по­крај тоа што дел од не­го­ви­те по­ра­ки беа ин­ди­рект­на кри­ти­ка на аме­ри­кан­ски­от на­чин на жи­вот, тој че­сто бе­ше пре­ки­ну­ван со дол­ги ап­ла­у­зи. Го­лем дел од при­сут­ни­те беа ге­не­ра­ци­ја или по­ста­ри од рим­ски­от пон­тиф.

svet161-papata-us-kongres-2

За­вр­шу­вај­ќи го де­лот од го­во­рот по­све­тен на исе­ле­ни­ци­те Фран­циск на Аме­ри­кан­ци­те им по­ра­ча де­ка ка­ко лу­ѓе од овој кон­ти­нент (аме­ри­кан­ски­от) не тре­ба да се пла­ши­ме од стран­ци­те за­тоа што нај­го­лем дел од нас не­ко­гаш би­ле бе­гал­ци. Со тоа тој, ме­ѓу ре­до­ви, по­тсе­ти де­ка нај­го­лем дел од аме­ри­кан­ски­те гра­ѓа­ни по­тек­ну­ва­ат од се­мејс­тва што не­ко­гаш би­ле еми­гран­ти, кои во Аме­ри­ка наш­ле при­бе­жи­ште од си­ро­ма­шти­ја, вој­ни и од дру­ги нез­го­ди.

Па­па­та и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци не слу­чај­но ја из­бра­ле те­ма­та ми­гра­ци­ја ка­ко  ед­на од глав­ни­те во не­го­во­то обра­ќа­ње, зна­еј­ќи де­ка ед­на од глав­ни­те те­ми во пре­диз­бор­ни­те де­ба­ти и кам­па­њи за из­бор на ид­ни­от аме­ри­кан­ски пре­тсе­да­тел е ток­му пра­ша­ње­то за иле­гал­на ими­гра­ци­ја. Пра­ша­ње што се­ко­гаш би­ло ед­но од цен­трал­ни­те во аме­ри­кан­ски­те кам­па­њи, но кое се­га ста­на же­шко, ко­га за­се­га нај­по­пу­лар­ни­от ре­пуб­ли­кан­ски кан­ди­дат До­налд Трамп сво­ја­та кам­па­ња ја поч­на со об­ви­ну­ва­ња кон Ме­кси­ко. Спо­ред Трамп, од Ме­кси­ко во САД при­стиг­ну­ва­ле „си­лу­ва­чи“ по­ра­ди што, ако би­де из­бран за пре­тсе­да­тел, на гра­ни­ца­та со Ме­кси­ко ќе из­гра­ди не­пре­мост­ли­ва огра­да. Го­лем дел од тие што во сво­и­те кам­па­њи го­во­рат за иле­гал­на­та ими­гра­ци­ја беа во са­ла­та за вре­ме на го­во­рот на па­па­та и че­сто му ра­коп­ле­скаа. И по­крај тоа, те­шко е да се оче­ку­ва де­ка во по­ли­тич­ка­та пра­кти­ка ќе ги спро­ве­дат во де­ло не­го­ви­те со­ве­ти ка­ко да се тре­ти­ра­ат ими­гран­ти­те. До­налд Трамп не бе­ше спо­ме­нат по име од стра­на на пог­ла­ва­рот на ка­то­лич­ка­та цр­ква, но поз­на­ва­чи­те лес­но ќе за­бе­ле­жат де­ка не­го­ви­те из­ли­ви на не­при­ја­телс­тво кон ими­гран­ти­те беа по­вод за ва­кво­то обра­ќа­ње на па­па­та.

Па­па­та Фран­циск е еден од ре­тки­те вер­ски ли­де­ри што во САД го­во­реа за те­ма што ја из­бег­ну­ва­ат ду­ри и го­лем број по­ли­ти­ча­ри. Тој од зем­ја­та што дол­го одо­ле­ва на по­ста­ву­ва­ње стан­дар­ди про­тив за­га­ду­ва­ње­то на жи­вот­на­та сре­ди­на по­ра­ди не­га­тив­но­то вли­ја­ние на ин­ду­стри­ја­та, по­ба­ра да пре­зе­ме ак­ци­ја про­тив кли­мат­ски­те про­ме­ни.

- По­ви­ку­вам на хра­бри и на од­го­вор­ни че­ко­ри за да се спре­чи нај­се­ри­оз­ни­от ефект на на­ру­шу­ва­ње­то на жи­вот­на­та сре­ди­на пре­диз­ви­кан од чо­веч­ка актив­ност. Убе­ден сум де­ка ние мо­же­ме да на­пра­ви­ме про­ме­на и не­мам сом­неж де­ка САД и овој со­став на кон­гре­сот мо­жат да ја оди­гра­ат оваа важ­на уло­га – по­ра­ча па­па­та пред нај­ви­со­ки­те прет­став­ни­ци на САД, зем­ја што, иа­ко има план за на­ма­лу­ва­ње на штет­ни га­со­ви од еле­ктрич­ни­те цен­тра­ли, ни­ко­гаш не го ра­ти­фи­ку­ва До­го­во­рот од Кјо­то за на­ма­лу­ва­ње на еми­си­ја на штет­ни га­со­ви.

svet161-papata-us-kongres-3

До­ма­ќи­ни на па­па­та Фран­циск во Кон­гре­сот беа двај­ца ка­то­ли­ци, пре­тсе­да­те­лот на Прет­став­нич­ки­от дом на САД, ре­пуб­ли­ка­не­цот Џон Бох­нер, и пот­пре­тсе­да­те­лот на САД, Џо Бај­ден, кој е де­мо­крат. Ка­ко ви­стин­ски по­ли­ти­чар, кој знае ко­га и ка­ко да на­пра­ви рам­но­те­жа за да не на­вре­ди не­кој од аме­ри­кан­ски­те до­ма­ќи­ни, отка­ко пр­во ги по­фа­ли на­по­ри­те на ре­пуб­ли­кан­ци­те за уки­ну­ва­ње на пра­во­то на абор­тус „за да се за­шти­ти и од­бра­ни се­кое чо­веч­ко би­тие во се­ко­ја фа­за од не­го­во­то по­сто­е­ње“, тој вед­наш со вешт ма­не­вар ги сми­ри и де­мо­кра­ти­те. Па­па­та по­ба­ра уки­ну­ва­ње­то на смрт­на­та пре­су­да про­тив ко­ја се бо­рат и де­мо­кра­ти­те со што ус­пеа да на­пра­ви по­ли­тич­ка рам­но­те­жа во аме­ри­кан­ски­от за­ко­но­да­вен дом.

Фран­циск во сво­јот го­вор не са­ка­ше да ја скрие за­гри­же­но­ста за еро­зи­ја­та на се­меј­ни­те вред­но­сти и да ис­пра­ти по­ра­ка про­тив хо­мо­се­ксу­ал­ни­те бра­ко­ви и гра­ѓан­ски вр­ски ме­ѓу лу­ѓе од ист пол. Спо­ред не­го, се­мејс­тво­то ка­ко ос­но­ва на оп­штес­тво­то е за­гро­зе­но ка­ко ни­ко­гаш прет­ход­но, од­на­тре и од над­вор.

- Ду­ри и ос­нов­ни­те вр­ски, кои се ба­за за бра­кот и за се­мејс­тво­то, се ста­ве­ни под знак пра­ша­ње. Во оваа при­го­да мо­жам са­мо уште ед­наш да ја наг­ла­сам важ­но­ста на бо­гат­ство­то и на уба­ви­на­та на се­меј­ни­от жи­вот – ре­че па­па­та, кој со ова ве­ро­јат­но ис­про­во­ци­ра дел од ли­бе­рал­на Аме­ри­ка, но, се­пак, не са­ка­ше да го пре­мол­чи пра­ша­ње­то што е ед­но од  цен­трал­ни­те те­ми во не­го­ви­те јав­ни на­ста­пи.

Мно­гу пов­ни­ма­те­лен бе­ше во од­нос на фун­да­мен­та­лиз­мот, при што не спо­ме­на ни­ту ед­на ре­ли­ги­ја или по­ли­тич­ка иде­о­ло­ги­ја. По­ба­ра од САД да се бо­рат урам­но­те­же­но про­тив ек­стре­миз­мот од се­кој вид. Спо­ред не­го, без урам­но­те­же­ност, би­тка­та со на­силс­тво пре­диз­ви­ка­но од ре­ли­ги­ја, иде­о­ло­ги­ја или од еко­ном­ски си­стем е за­гу­бе­на ако во неа не се за­чу­ва ре­ли­ги­оз­на­та, ин­те­ле­кту­ал­на­та  и лич­на­та сло­бо­да.

Пр­ви­те сто­еч­ки ова­ции па­па­та во Кон­гре­сот ги до­би на те­ма­та чо­ве­ко­ви пра­ва и на пра­ша­ње­то за рас­на ед­на­квост во САД отка­ко го спо­ме­на Мар­тин Лу­тер Кинг, бо­ре­цот за пра­ва­та на Афро­а­ме­ри­кан­ци­те. Пр­ви­от ап­ла­уз дој­де од Те­ри Се­вел, член­ка на Кон­гре­сот од Де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја, ко­ја се­де­ше до кон­грес­ме­нот Џон Лу­ис, еден од учес­ни­ци­те во мар­шот за пра­во­то на глас од Сел­ма до Мон­тго­ме­ри во др­жа­ва­та Ала­ба­ма, кој се слу­чил пред по­ло­ви­на век. Го­во­реј­ќи за со­нот на Лу­тер Кинг за це­лос­ни гра­ѓан­ски и по­ли­тич­ки пра­ва за афро­а­ме­ри­кан­ски­те де­мон­стран­ти пред 50 го­ди­ни, па­па­та Фран­циск пред Кон­гре­сот по­ра­ча:

„Тој сон про­дол­жу­ва да ни да­ва инс­пи­ра­ци­ја на си­те нас“.

Дел од по­ен­ти­те на го­во­рот на па­па­та во Кон­гре­сот на САД

  • Ние, лу­ѓе­то од аме­ри­кан­ски­от кон­ти­нент, не се пла­ши­ме од стран­ци­те за­тоа што нај­го­лем дел од нас не­ко­гаш би­ле стран­ци
  • На­ши­те на­по­ри мо­ра да би­дат на­со­че­ни кон вра­ќа­ње на на­деж­та, ис­пра­ва­ње на гре­шки­те, одр­жу­ва­ње на ве­ту­ва­ња­та и со тоа про­мо­ви­ра­ње на бла­го­со­стој­ба­та за лу­ѓе­то и за на­ро­ди­те.
  • Мо­ра­ме да се од­бра­ни­ме од по­ед­но­ста­ву­ва­ње, кое гле­да са­мо до­бро и зло или без­греш­ни и греш­ни­ци
  • Да се ими­ти­ра омра­за­та и на­силс­тво­то на ти­ра­ни­те и на убиј­ци­те е нај­до­бар на­чин да се за­зе­ме нив­но­то ме­сто
  • Бор­ба­та про­тив си­ро­ма­шти­ја­та и глaдот мо­ра да се во­ди по­сто­ја­но и на мно­гу фрон­то­ви, осо­бе­но про­тив при­чи­ни­те за нив
  • Ов­де мо­ра да се пра­ша­ме: Зо­што смр­то­нос­но оруж­је се про­да­ва на тие што пла­ни­ра­ат да им пре­диз­ви­ка­ат бол­ка за лу­ѓе­то. За жал, од­го­во­рот, ка­ко што зна­е­ме, е па­ри. Па­ри што се на­то­пе­ни со крв, нај­че­сто крв на не­ви­ни лу­ѓе.

Пишува: Горан Момироски
(Текст објавен во 161. број на неделникот „Република“, 2.10.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top