| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск ќе потпише декрет со кој Мајка Тереза ќе биде канонизирана

Се очекува Папата Франциск денеска во Ватикан да потпише декрет со кој Мајка Тереза ќе биде канонизирана.

majka tereza

Британскиот дневен весник „Гардијан“ пишува дека одлуката за канонизација на Мајка Тереза, која своевремено беше и добитничка на Нобелова награда за мир, денеска ќе ја објави Комитетот во Ватикан.

Папата Франциск ќе потпише декрет со кој ќе ја одобри канонизацијата на Мајка Тереза и ќе го одреди датумот и местото на церемонијата за време на кое оваа одлука ќе биде реализирана.

Како што пишува весникот, церемонијата на канонизирањето ќе биде одржана на 4 септември, но сѐ уште е нејасно дали папата на покана на католичката црква во Индија ќе отпатува во Калкута да ја предводи свеченоста или тоа ќе го направи во Рим.

Извори од Ватикан наведуваат дека папата ќе ја предводи церемонијата во Рим.

Повеќе од 300.000 верници присуствуваа во Рим во 2003 година на беатификацијата на Мајка Тереза, што претставуваше прв чекор за прогласување за светец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top