| четврток, 6 декември 2018 |

Серхио Агуеро повторно во болничка постела

serhio aguero

Аргентискиот репрезентативец Серхио Агуеро одигра само 22 минути за својата репрезентација во првиот квалификациски натпревар за Светското првенство против Еквадор која неговата репрезентација го загуби со 0-2. Тој мораше предвреме на до напушти мечот поради повреда на задната ложа.
Тоа е голем удар за неговиот тим Манчестер Сити бидејќи долго беше отсутен од терените поради сличен проблем. Минатиот викенд голгетерот постигна фантастични пет гола во победата над Њукасл од 6-1 во рамките од премиерлигата, и се мислеше дека проблемите се веќе зад него.
Тој сигурно го пропушта и следниот дуел на Аргентина против Парагвај во мундијалските квалификации, а медицинските прегледи ќе покажат колкава пауза ќе има фудбалерот на Сити. Првичните прогнози се дека ќе биде надвор од терените еден месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top