Македонската натпреварувачка Елена Анѓеловска беше избрана за втора придружничка на изборот „Мис Глоуб“ кој синоќа се одржа во Торонто. Анѓеловска успехот го постигна во конкуренција на 60 натпреварувачки од целиот свет. Во Торонто ја претставуваше Македонија, откако победи на изборот за мис организиран од модното студио „Црнокрак“.
Таа застана на подиумот заедно со годинешната добитничка, Ана Лорејн Колис од Филипините и другите придружнички од Албанија, Франција и Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.