| четврток, 6 декември 2018 |

Петко стигна до Словенија

03

Популарната детска серија „5+ Фамилија” доби своја словенечка верзија, која ќе се емитува на тамошната национална телевизија.

Изминатиов период, екипа словенечки актери, драматурзи и режисери заедно со македонската екипа на „5+“, во Скопје работеа на снимање на епизодите, во кои покрај Петко, се појавуваат и неговите нови пријатели, Бети и Цеј, популарни детски ликови од Словенија.

01

Ова е големо признание за екипата која ја работи „5+ Фамилија“ и потврда за квалитетот на серијата. Ова е прва телевизиска франшиза од Македонија која се пробива на европскиот медиумски пазар, и се надеваме дека Петко и неговите пријатели ќе продолжат да ги забавуваат и децата од Словенија и да ги учат на вистинските вредности.

02

Креативен директор на серијата е Пеце Талески, режисери се Тадеј Чатер, Игор Иванов и Елеонора Венинова.  Продуцент е Илија Тирицовски, директор на фотографија – Наум Доксевски, сценографијата е на Снежана Поњавиќ Муча, костимографијата на Андреј Ѓорѓиевски, а монтажа – Шенол Мехмед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top