| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ го осуди насилството во косовскиот Парламент

kosovo dimna bomba sobranieКанцеларијата на ЕУ, специјалниот претставник на Унијата на Косово, амбасадите и канцелариите на државите членки на ЕУ заеднички го осудија насилството што денеска се случи во косовскиот Парламент, оценувајќи го како неприфатливо.

„ Ја осудуваме денешната акција на опозицијата во собранието и апелираме до нив да ги почитуваат основните принципи на демократијата и да овозможат слободна и отворена дебата во Парламентот за сите прашања во врска со Косово“, се наведува во заедничкото соопштение на Канцеларијата на ЕУ на Косово, специјалниот претставник на ЕУ и амбасадите, односно канцелариите на државите членки на ЕУ на Косово.

Насилните акции, како денешната во собранието, се за жалење, се наведува во соопштението и се додава дека секој има слобода да го изрази своето мислење и да ја брани својата позиција, но дека употребата на насилство е неприфатлива.

„Тоа не решава ниту еден проблем на Косово, туку само ги зголемува“, истакнуваат официјалните претставници од земјите членки на ЕУ.

Претходно насилството во Парламентот го осудија и Мисијата на ОБСЕ на Косово и американската амбасада во Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top