Канцеларијата на ЕУ, специјалниот претставник на Унијата на Косово, амбасадите и канцелариите на државите членки на ЕУ заеднички го осудија насилството што денеска се случи во косовскиот Парламент, оценувајќи го како неприфатливо.
„ Ја осудуваме денешната акција на опозицијата во собранието и апелираме до нив да ги почитуваат основните принципи на демократијата и да овозможат слободна и отворена дебата во Парламентот за сите прашања во врска со Косово“, се наведува во заедничкото соопштение на Канцеларијата на ЕУ на Косово, специјалниот претставник на ЕУ и амбасадите, односно канцелариите на државите членки на ЕУ на Косово.
Насилните акции, како денешната во собранието, се за жалење, се наведува во соопштението и се додава дека секој има слобода да го изрази своето мислење и да ја брани својата позиција, но дека употребата на насилство е неприфатлива.
„Тоа не решава ниту еден проблем на Косово, туку само ги зголемува“, истакнуваат официјалните претставници од земјите членки на ЕУ.
Претходно насилството во Парламентот го осудија и Мисијата на ОБСЕ на Косово и американската амбасада во Приштина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово