| четврток, 6 декември 2018 |

Десетгодишно дете се заканува дека ќе го убие Обама (ВИДЕО)

Десетгодишно момче облечено во униформа со заканувачки борбен став и вооружено со ракетен минофрлач, се закани дека ќе го убие американскиот претседател Барак Обама во најновиот видеспот што го објави Исламска држава.

dete-obamaa

– Разбудете се од сонот и платете го верскиот данок во покорувањето, пред мечевите на Калифатот да стигнат до вас и да ви ја отсечат вашата погана глава – изјавува десетгодишното дете облечено во воена униформа со борбен став, со раширени нозе, со еден кренат прст на десната рака и со минофрлачот во другата.

Момчето вели дека Обама е „кучето на Рим“, алудирајќи дека е слуга на Ватикан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top