| четврток, 6 декември 2018 |

Дибиров и Карачиќ се подготвени за настап, под знак прашање се Стоилов и Марсениќ

По натпреварот во Шведска против Кристијанштад, Вардар можеше многу лесно да ги загуби можеби најдобрите играчи, Тимур Дибиров и Игор Карачиќ поради тешки повреди. Сепак по извршените детални прегледи во Скопје тие „лесно“ поминаа и веќе му се ставени на располагање на тренерот Раул Гонзалес за дерби-натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите против Рајн-Некар Левен што се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Шпанскио стратег на клупата на Вардар беше расположен и среќен поради двајцата ракометари кои веќе тренираат со полн интезитет. Сепак тој има голем проблем околу пикерската позиција бидејќи и Стојанче Стоилов и Мијајло Марсениќ не тренираат поради повреди.

– Досега имавме проблеми со Дибиров и Карачиќ кои се пожалија на повреди. Сега тие се во ред и тренираат со останатите играчи, но на повреди се пожалија Стоилов и Марсениќ. Столе има проблем со рамото и не тренира со екипата додека Марсениќ доби удар во скочниот зглоб и го скокна вчерашниот тренинг. Ќе видиме денеска во каква состојба се – информира Раул Гонзалес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top