| четврток, 6 декември 2018 |

Поетски караван на ДПМ во Куманово

 

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Куманово. На 20 октомври, во библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово ќе настапат истакнати поети од различни генерации, учесници во проектот за дисперзија на културните настани во земјата.

Во рамките на годинашниот циклус, поетскиот караван на ДПМ гостуваше во Крушево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип,  Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и Лазарополе, а настапи и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

До крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во  Велес, Радовиш и на „Ганевите денови“ во Кожле. Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната  „Средба на генерации“ што е составен дел на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top