Кира Најтли никогаш не била типична холивудска актерка. Иако се прославила со улогата во мегапопуларниот серијал “Пиратите од Карбите”, јавно изразила незадоволство од користењето на Фотошоп на филмските плакати, со кој нејзиното тело станувало побујно.
Британската убавица била заштитно лице и на неколку козметички куќи, но и покрај славата и успехот признала дека не била секогаш задоволна со своето тело.
-Знаев да се фатам како стојам пред огледалото и да се прашам како било кога би имала поразлични раце или нозе. А потоа минуваш низ бременост, породување и доење и помислуваш: моето тело е убаво.
Од пораѓањето на ќерката Еди минале околу четири месеци, а Кира благодарение на брзиот метаболизам брзо се вратила во топ форма.
Мајчинството и среќата на приватниот план очигледно ѝ годат, бидејќи актерката блеска дури и кога е облечена во наједноставна модна комбинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.