| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ јасно е против пратеници од дијаспората

dijaspora

СДСМ јасно е против пратеници од дијаспората, тврдат извори на „Република“. Според информациите до кои стигнавме партијата од опозицијата не се согласуваат со реален процент на гласачи од дијаспората, бараат пратеникот од дијаспората да биде избран со минимум 90 отсто од гласовите на пратениците од Македонија,што е хипокризија бидејки е недостижно со само две избирачки места во Австралија или само 5 избирачки места во Северна Америка. Ваквата непопустливост ќе резултира со немање на консензус и прифаќање  на предлогот на ДУИ и ДПА, за овие избори да се суспендира гласањето на дијаспората!
Ова е на линија на изјавата на Заев во која посочи дека „нема да му дозволам на Груевски да стартува со 3:0 на изборите“.

Владејачката партија во врска со преговорите нагласи дека максимално конструктивно настапува во целиот процес.

-Уверени сме во подршката од народот и убедливата победа на изборите.СДСМ пак се обидува да игра деструктивно со цел да го наруши процесот и да направи проблем преку кој ке се обидат да избегаат од избори, затоа што знаат дека ќе губат дебело. И дека се однесуваме врз основа на принципи и вредности. А дека СДСМ се обидува да направи смут пуштајќи лажни брифинзи во кои нема вистина и чија цел е да се прикрие нивното кукавичко однесување и сервилност која не е на линија на држ авните и народни интереси. Народот не треба да верува на брифинзите на СДСМ и Сорос, и ние знаеме дека не верува. Нека знаат дека ВМРО е сојузник на народот и тоа ќе се покаже со убедливата поддршка на изборите. ВМРО нема да дозволи СДСМ да избега од соочување со народот- велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top