| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто не треба да користиме парфимирана тоалетна хартија?

Изборот на тоалетна хартија во денешно време е многу голем. Додавањето на разни вештачки мириси и бои го загрозува човековото здравје, а ова се само некои од последиците:

H

Инфекција на мокрачните канали

Тоалетната хартија во боја може да го изиритира вагиналното подрачје, а честата употреба може да биде причина за инфекција на мокрачните канали.

Габични инфекции

Едно од најчестите прашања на гинеколозите за жени кои имаат габична инфекција, е дали користат парфимирана и обоена тоалетна хартија. Експертите потврдија дека постои поврзаност помеѓу габичните инфекции и користењето на ваква тоалетна хартија.

Рак на грлото од матката

Тоалетната хартија во боја има влијание врз женскиот репродуктивен систем и неговата употреба може да го зголеми ризикот од развој на рак грлото од матката.

Ректални проблеми

Употребата на обоена и парфимирана тоалетна хартија може да предизвика јадеж и чешање во пределот на ректумот. Крвави траги во столицата се најчест знак за рак на дебелото црево.

Дури и белата тоалетна хартија може да биде опасна по здравјето. Некои произведувачи ја избелуваат хартијата со хлор кој испушта опасни токсини кои можат да предизвикаат бројни здравствени проблеми.

Затоа, при купувањето секогаш читајте ги состојките наведени на амбалажата а вашиот избор нека биде тоалетна хартија од 100% памук без вешатчки мириси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top