ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА МИРИСЛИВИ НОЗЕ
Главниот виновник за состојбата поради која некои лица не се во можност да ги соблечат обувките кога престојувале подолго време во нив е потењето. На секое стапало има повеќе од 250.000 потни жлезди. Всушност, самата пот не мириса, но е идеална средина за размножување на одредени бактерии и супстанции кои се лош „парфем” за стапалата.
Можни причини за појавата на непосакувана остра миризба на стапалата се несоодветни тесни обувки од неприродни материјали, неодржани нокти, присуство на габична инфекција, лоша хигиена и исхраната.
10 СОВЕТИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЛОШАТА МИРИЗБА НА СТАПАЛАТА
Мијте ги нозете најмалку еднаш дневно. Можеби звучи очигледно, но треба да се потенцира дека не е доволно да се истуширате и да си мислите дека водата која течела по нозете ги измила темелно. Морате да ги истриете со сунѓер или четка за добро да ги исчистите. Не заборавајте посебно внимание да обрнете на кожата помеѓу прстите.
Користете антибактериски благ сапун и отстранувајте го целосно. Сапуните со антибактериско дејство кои не се силни ем ги уништуваат бактериите, ем го спречуваат екстремното сушење на кожата. Пред да завршите со миење, уверете се дека нема остатоци од сапун на кожата, затоа што тоа ја иритира нежната кожа, особено онаа меѓу прстите.
Темелно сушете ги нозете, не ставајте чорапи на мокри нозе. За да ја спречите миризбата, важно е да ја одржувате кожата сува. Влажноста создава идеални услови за развивање не само на бактериите, туку и на габичните инфекции.
Преферирајте обувки произведени од материјали кои им дозволуваат на стапалата да дишат.
Ротирајте ги различните обувки. Не носете исти обувки два дена по ред. На обувките им се потребни барем 24 часа за да се исушат комплетно.
Користете пудри за стапала и за освежување на обувките. Денес постојат најразлични производи кои ја отстрануваат непријатната миризба од обувките. Пудрите помагаат кожата да се зачува сува во текот на целиот ден, па тие се и најпрепорачливи ако го имате овој проблем.
2 ДОМАШНИ ЛЕКОВИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ЛОШИОТ МИРИС НА СТАПАЛАТА
Солена бања. Во леген со еден литар вода додајте половина шолја крупна сол. Потопете ги стапалата барем 15-тина минути. Извадете ги од легенот и исушете ги без да ги миете со чиста вода. Солта помага затоа што ја суши кожата.
Сода бикарбона. Секој ден ставајте сода бикарбона и во чорапите и во обувките за да се ослободите од лошиот мирис. Земете сода бикарбона со два прсти и поросете по двапати во секој чорап и по двапати во секоја обувка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.