Борис Бекер ќе му биде тренер на Новак Ѓоковиќ и следната сезона, објави поранешниот тениски ас од Германија. Победничкиот тим не се менува, а Борис и Новак имаа многу успеси.
„Ќе ја продолжиме соработката и за следната сезона. И тоа на заедничко задоволство. Новак има прекрасен тим околу себе и среќен сум што сум дел од победничката екипа“, вели Бекер.
Германецот ја почна соработката со Ѓоковиќ во 2013 година и има добар дел од заслугите, што српскиот ас доминира на тениската сцена. Оттогаш Ноле има играно во 6 од вкупно 8 гранслем финалиња и освои 4 титули на најценетите тениски турнири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.