| четврток, 6 декември 2018 |

Маја Чаначевиќ: Нашиот камерен оркестар во октомври ќе настапи во „Карнеги хол“

Oва е единс­твен и убав на­чин за про­мо­ци­ја на врв­на­та ма­ке­дон­ска му­зич­ка кул­ту­ра над­вор од гра­ни­ци­те на на­ша­та др­жа­ва, ве­ли Ча­на­че­виќ

Од пр­ви октом­ври поч­ну­ва но­ва­та се­зо­на на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја. Што под­го­тви­вте за љу­би­те­ли­те на кла­сич­на­та му­зи­ка овој­пат?

Ча­на­че­виќ: Да. На пр­ви октом­ври поч­ну­ва но­ва­та кон­церт­на се­зо­на 2015/2016 на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја и тоа со еден не­се­којд­не­вен на­стан, кој осо­бе­но ќе би­де ин­те­ре­сен за љу­би­те­ли­те, за поз­на­ва­чи­те на кла­сич­на­та му­зи­ка. Кон­цер­тот но­си нас­лов „Ма­ра­тон Брамс“, а ка­ко со­лист ќе на­ста­пи еден од де­неш­ни­те нај­ба­ра­ни пи­ја­ни­сти во све­тот, из­во­нред­ни­от Але­ксеј Во­ло­дин, кој во ед­на ве­чер ќе из­ве­де два кон­цер­та за пи­ја­но и за ор­ке­стар од Јо­ха­нес Брамс. Тоа е ре­тка пра­кти­ка не са­мо кај нас, ту­ку и во све­тот, би­деј­ќи ба­ра и по­себ­на под­го­тве­ност не са­мо за пи­ја­ни­стот, ту­ку за си­те учес­ни­ци. Ва­кви­от тип кон­церт во­оп­што не е ле­сен под­виг за со­ли­стот, за­што освен тех­нич­ка бра­ву­роз­ност, освен вир­ту­оз­но­ста што тре­ба да ја по­се­ду­ва, не­му му е по­треб­на и го­ле­ма кон­цен­тра­ци­ја ко­ја кај мно­гу­ми­на ис­чез­ну­ва по из­вед­ба­та на еден кон­церт, што е со­се­ма при­род­но. За­тоа, сме­там де­ка овој кон­церт ќе би­де по­се­бен, ин­те­ре­сен, и ќе до­не­се раз­но­вид­ност, и по­крај тоа што ќе се из­ве­ду­ва­ат две де­ла од ист ком­по­зи­тор. Ди­ри­гент на овој кон­церт е ма­е­стро Да­ни­ел Рај­скин од Ру­си­ја, поз­нат ка­ко пред­вод­ник на мла­да­та ге­не­ра­ци­ја му­зи­ча­ри, но и по тоа што тој ста­ва го­лем ак­цент на тол­ку­ва­ња­та за му­зи­ка­та и ги пра­ви на мош­не транс­па­рен­тен на­чин, од­нос­но ја откри­ва стру­кту­ра­та на ед­но де­ло до си­те де­та­ли. Би ги нај­а­ви­ла и: „Фан­та­сти­чен бу­тик“ на при­мер, „Ви­о­ли­на­та на Али­на“, „NY vs NY“, „Не­кој ме гле­да ро­ман­тич­но“, „Клец­мер фе­шта“, „Црн бран“, „Остров­ска инс­пи­ра­ци­ја“, на­ста­ни кои ќе до­не­сат на­ви­сти­на уба­ва про­гра­ма и фан­та­стич­ни со­ли­сти и ди­ри­ген­ти.

 

kultura160-Maja-Canacevic-2

 

По­крај цик­лу­сот „Ки­ри­ли­ца“, го­ди­на­ва нај­а­ви­вте нов цик­лус, „Ал­хе­ми­ја“. За што ста­ну­ва збор?

Ча­на­че­виќ: Цик­лу­сот „Ал­хе­ми­ја“ е мош­не воз­буд­лив. Го­ди­на­ва во не­го­ви рам­ки се со­др­жа­ни два кон­цер­та кои мо­жат да би­дат и сво­е­ви­ден тест за нас, да­ли да про­дол­жи­ме и по­на­та­му да го ре­а­ли­зи­ра­ме. „Ал­хе­ми­ја“ всуш­ност, по­драз­би­ра нов кон­цепт на кон­цер­ти во кои се со­др­жа­ни со­се­ма раз­лич­ни де­ла во од­нос на жа­нров­ска­та и стил­ска­та опре­дел­ба, а се­пак има­ат свои вр­зив­ни звуч­ни тки­ва. Го­ди­на­ва ќе се прет­ста­ват атра­ктив­ни­те со­ли­сти, вир­ту­о­зи на сво­и­те ин­стру­мен­ти, Џо Па­у­ерс на ус­на хар­мо­ни­ка од САД и Ави Ава­тал на ман­до­ли­на од Изра­ел. Цел­та е ток­му овие кон­цер­ти да по­ну­дат про­грам­ски кон­цепт кој ќе от­скок­ну­ва од стан­дард­ни­от. Ина­ку, цик­лу­сот „Ки­ри­ли­ца“ оста­ну­ва и за нас тој е мош­не зна­ча­ен, за­тоа што пре­ку не­го, иа­ко не са­мо пре­ку не­го, го про­мо­ви­ра­ме ма­ке­дон­ско­то му­зич­ко тво­реш­тво, а во исто вре­ме им да­ва­ме по­се­бен про­стор и на ма­ке­дон­ски­те му­зич­ки умет­ни­ци.

 

Поч­на­вте со кон­цер­ти за де­ца со кои го­сту­ва­вте и во не­кол­ку гра­до­ви низ Ма­ке­до­ни­ја. Ќе про­дол­жи­те ли со таа пра­кти­ка и оваа го­ди­на?

Ча­на­че­виќ: Сим­фо­ни­ски­те кон­цер­ти за де­ца и за мла­ди се по­себ­но до­жи­ву­ва­ње, не са­мо за нас, ту­ку и за пуб­ли­ка­та ко­ја тоа го до­ка­жу­ва из­ми­на­ти­те го­ди­ни. Де­ца­та со ду­ша ги че­ка­ат овие на­ста­ни, а ние се оби­ду­ва­ме се­ко­гаш да ну­ди­ме раз­но­вид­на про­гра­ма, но и при­каз­на ко­ја тре­ба да ги вне­се во све­тот на фан­та­зи­ја­та и ед­но­вре­ме­но да им вса­ди љу­бов кон кла­сич­на­та му­зи­ка. Мно­гу ни е важ­но да гра­ди­ме ид­ни ге­не­ра­ции на љу­би­те­ли на ква­ли­тет­на, се­ри­оз­на му­зи­ка. Ми­на­та­та го­ди­на ток­му со сим­фо­ни­ски кон­цер­ти за де­ца, со при­каз­на­та за „Пе­тре и вол­кот“, го­сту­вав­ме и во дру­ги гра­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја. Са­ли­те беа пре­пол­ни, а де­ца­та пре­среќ­ни што има­ат мож­ност и во сво­јот град да ја до­жи­ве­ат одб­ли­зу ма­ги­ја­та на еден фил­хар­мо­ни­ски ор­ке­стар, да го ви­дат ди­ри­ген­тот, да го слу­ша­ат на­ра­то­рот, да се за­поз­на­ат со си­те ин­стру­мен­ти по­себ­но. Тоа ни бе­ше по­ве­ќе од до­вол­но де­ка тре­ба да про­дол­жи­ме и по­на­та­му со оваа пра­кти­ка. Го­ди­на­ва со дет­ски сим­фо­ни­ски кон­цер­ти ќе го­сту­ва­ме во При­леп и во Би­то­ла.

 

kultura160-Maja-Canacevic-3

 

По­крај тоа што го­сту­ва­те во зем­ја­ва, че­сто­па­ти Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја на­ста­пу­ва и во странс­тво. Ве оче­ку­ва па­ту­ва­ње во Њу­јорк… Ка­же­те ни ка­де ќе на­ста­пи­те и што ќе би­де из­ве­де­но?

Ча­на­че­виќ: Ка­мер­ни­от ор­ке­стар на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја во Њу­јорк ќе се прет­ста­ви со два кон­цер­та, на 7 и на 8 октом­ври. Во „Кар­не­ги хол“ ќе на­ста­пи за­ед­но со ком­по­зи­то­рот и пи­ја­ни­стот Ду­ке Бо­ја­џи­ев, во из­вед­ба на не­го­ви де­ла, за­ед­но со Ис­ма­ил Лу­ма­нов­ски на кла­ри­нет, Кр­сте Ро­џев­ски ка­ко во­кал, Ма­ти­јас Кунц­ли на уди­рач­ки ин­стру­мен­ти и На­чо Ари­ма­ни на уди­рач­ки ин­стру­мен­ти и во­кал. Осо­бе­но зна­ча­ен за нас е кон­цер­тот во „Мер­кин хол“ во „Цен­та­рот Ка­уф­ман“, на кој ор­ке­ста­рот ќе из­ве­де мно­гу комп­лекс­на про­гра­ма од ли­те­ра­ту­ра­та за ка­мер­на му­зи­ка. Ка­мер­ни­от ор­ке­стар, под ди­ри­гент­ска­та пал­ка на ма­е­стро Бор­јан Ца­нев, ќе из­ве­де ма­ке­дон­ско де­ло – „Рас­пе­ви на те­ма од Јо­ван Ку­ку­зел“ од Го­це Ко­ла­ров­ски, Кон­церт за кла­ри­нет и гу­дач­ки ор­ке­стар од тур­ски­от ком­по­зи­тор Ха­сан Ту­ра, и „Ди­вер­ти­мен­то“ од ун­гар­ски­от ком­по­зи­тор Бе­ла Бар­ток. А, ка­ко со­лист ќе се прет­ста­ви ма­ке­дон­ски­от и свет­ски­от вир­ту­оз на кла­ри­нет, Ис­ма­ил Лу­ма­нов­ски. Њу­јорк е го­лем кул­ту­рен цен­тар во кој по­сто­ја­но има раз­лич­ни кон­цер­ти, го­сту­ва­ња на врв­ни ор­ке­стри од цел свет и ток­му за­тоа од­брав­ме ва­ква про­гра­ма со ко­ја мо­же­ме да ги из­ме­ри­ме си­ли­те на на­ши­от ор­ке­стар. Ис­ма­ил Лу­ма­нов­ски е му­зи­чар со кој има­ме од­лич­на со­ра­бо­тка. Се ра­бо­ти за вр­вен умет­ник кој ра­бо­ти во свет­ски рам­ки и кој ед­на­кво до­бро ги из­ве­ду­ва си­те му­зич­ки сти­ло­ви. Тој ѝ е поз­нат на њу­јор­шка­та пуб­ли­ка и ве­ру­ва­ме де­ка за­ед­но со не­го ќе ус­пе­е­ме да се прет­ста­ви­ме не са­мо пред љу­би­те­ли­те на кла­сич­на­та му­зи­ка, ту­ку и пред му­зич­ки обра­зо­ва­на пуб­ли­ка, ко­ја на на­ши­от кон­церт ќе мо­же и кри­тич­ки да се освр­не. Го­сту­ва­ње­то во Њу­јорк е комп­лет­но под­др­жа­но од Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и ова е единс­твен и убав на­чин за про­мо­ци­ја на врв­на­та ма­ке­дон­ска му­зич­ка кул­ту­ра над­вор од гра­ни­ци­те на на­ша­та др­жа­ва.

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 160. број на неделникот „Република“, 25.09.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top