Слободарската партија на Австрија (ФПО) во борба за власт во Виена, одлучи распишуавње премија од 5.000 евра за пријава на изборна неправилност, јавуваат виенски медиуми.
Жителите на Виена в недела ќе гласаат на локални и покраински избори на кои се прогнозира тесна борба за власт меѓу ФПО и актуелната Социјалдемократска партија.
ФПО се одлулија на повик до граѓаните преку огласи за пријава на изборни неправилности. Кој ќе пријави изборна махинација од ФПО добива 5.000 евра, се вели во огласот.
Генералниот секретар на ФПО во Виена, Антон Махдалик најавува дека неделава ќе биде поднесена првата пријава поради наводни изборни манипулации во дом за стари лица во главниот град на Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.