Загина пешак во сообраќајна несреќа која се случи утрово во скопската населба Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, на раскрсницата помеѓу улицата „Ѓорче Петров“ и „Мајски манифест“, автомобил со гостиварски регистарски таблици удрил директно во седумдесет и шест годишниот Благоја Н. по што од здобиените повреди тој починал на самото место.
Полицискиот увид се уште трае, а телото е предадено на обдукција.
Се работи за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.