Музеј во Минхен е евакуиран вчера откако била откриена бомба тешка 250 килограми од Втората светска војна.
Тимот за деминирање заклучил дека бомбата не може да се деактивира на самото место, па решил да ја отстрани за да ја уништи со контролирана експлозија.
– Детонаторот е во таква состојба што бомбата не може да биде деактивирана на самото место – рекол портпаролот на полицијата.
Американската бомба е откриена за време на градежни работи во близина на главниот влез во музејот, еден од најголемите во светот за наука и технологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.