| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК забрани гласање со македонски пасоши на странски адреси откако гастербајтерите ги наполнија кутиите во првиот круг

Државната изборна комисија им забрани да гласаат на македонските државјани со македонски патни исправи на кои се впишани адреси на живеење во странство, иако истите тие претходно од ДИК биле вметнати во избирачките списоци.

Претседателот на комисијата Борис Кондарко вели дека тие само постапувале по конкретно прашање од општинската изборна комисија во Ресен, без да испитуваат како избирачките одбори постапиле со граѓаните кои се појавиле со вакви пасоши.

Законот предвидува во списокот да бидат запишани оние државјани кои се на привремена работа во странство, но со живеалиште на територија на Македонија. Како овие луѓе се нашле на избирачките списоци и колку од нив гласале во првиот круг не е познато.

Непознато е и колку нивните гласови влијаеле на резултатите од првиот круг. Само во Кичево се смета дека гласале над 4.000 гастербајтери со македонски пасоши, но сепак, нема начин да се утврди колку од нив во пасошите имале впишана странска адреса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top