| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус ќе се обиде да го откупи договорот на Квадрадо

По примерот на Рома кој, ги откупи договорите на Џеко и Салах, и Јувентус ќе се обиде да го направи договорот со Квадрадо постојан.
Италијанскиот шампион подготви 14 милиони фунти и е подготовен да отпочне преговори за откуп на договорот на Хуан Квадрадо од Челси.
Колумбиецот дојде во Лондон во зимскиот преоден рок минатата сезона, кога од Фиорентина прејде во Челси за сума од 23 милиони фунти, но не успеа да се наметне кај Жозе Мурињо и по само шест месеци е проследен во Јувентус на позајмица.
Раководството на „старата дама“ е импресионирано од квалитетите на Квадрадо и се очекува оваа недела да ги започне преговорите со Челси за активирање на клаузулата за откуп која изнесува 14 милиони фунти.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, менаџерот на фудбалерот, Алесандро Лучи, веќе се наоѓа во Лондон за да ги договори деталите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top