| четврток, 6 декември 2018 |

Пу-пу не важи, фудбалер беше исклучен па вратен од соблекувална на терен (видео)

ejgidi

Историски момент се случи во бразилскиот шампионат на мечот меѓу Чапекоенсе и Палмеирас, а во центарот на вниманието беше судијата, кој исклучи играч, па се пишмани, ја призна грешката и го врати фудбалерот на терен. Во стилот на детските игри „пу-пу не важи“, исклучениот Егидио беше вратен од соблекувална на терен и го продолжи мечот, иако доби црвен картон и автоматско исклучување.

Четвртиот судија сугерираше дека стартот на Егидио не е за црвен картон, па главниот арбитар се премисли и ја смени одлуката. Чапекоенсе го доби мечот со 5-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top