“Доведоа жени и деца да гледаат како ми ги сечат екстремитетите. Им кажаа дека сум неверник и дека ме казнуваат поради тоа”, пишува порталот „Точка“.
Припадниците на ИСИС брутално го казниле 14-годишниот Сириец, бидејќи не сакал да им се приклучи. Милитантот со прекар Булдожер, му ја отсекол десната рака и левото стапало.
Тинејџерот Омар им паднал во рацете на припадниците на ИСИС, а тие го мачеле повеќе од еден месец, за да го натераат да им се приклучи. Кога сфатиле дека детето нема да го направи тоа, му одредиле страшна казна.
Омар за медиумите рекол дека терористите го врзале на сред улица, на која имало голем број на луѓе, и дека со месарски нож му ја отсекле десната рака и левото стапало.
“Ме натераа да ја ставам раката на трупец, и потоа ми ја отсекоа. Потоа ми го отсекоа и стапалото, а двата екстремитети ги ставија пред мене за да ги гледам”, рекол Омар, кој поради обилното крвавење одвај преживеал.
Булдожер и неговите соборци од ИСИС сакале на овој начин да му покажат на светот дека никој не смее да се спротивставува на ИСИС.
Омар не е единственото дете кои ИСИС го принудувала да му се приклучи. Оваа терористичка организација има репутација на масовно регрутирање на луѓе, а меѓу нив има сè повеќе деца кои немаат ни полни 8 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.