| четврток, 6 декември 2018 |

ИД уби 70 припадници на едно од најголемите племиња во Ирак

Терористичката група Исламска држава (ИД) уби 70 припадници на племето „Ал Бунимар“, кое е едно од најголемите во ирачката провинција Анбар, изјави денеска лидерот на племенската заедница Наим ал Кауд.

svet145-isis-1

Тој истакна дека борци на ИД синоќа киднапирале 70 лица од племето, кои живеат во реонот Ел Сарсар, северно од главниот град на провинцијата Рамади.

– Тие се застрелани од екстремистите само на неколку километри од своите домови – нагласи Кауд.

Лидерот на „Ал Бунимар“ додаде дека сите убиени се „татковци и сестри на оние што се приклучиле кон редовите на армијата и полицијата кои се борат против ИД“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top